
Пари Сен Жермен веќе прави тим за лето, прашање е дали Маурисио Покетино ќе остане, но одлуките ги носи директорот Леонардо. Сопствениците од Доха сакаат Зинедин Зидан што побрзо да одговори на понудата, но поранешниот тренер на Реал се уште размислува.
ПСЖ подготвува големо изненадување на средината на теренот, цел на клубот не е Кеси како што се претпоставуваше, туку Бразилецот од Лион, Лукас Пакета. Тој ја пронајде својата поранешна форма, бидејќи беше разочаран во Милан, а во Лион игра одлично.
Леонардо е и под притисок на Нејмар да се обиде да го доведе овој фудбалер кој може да игра на повеќе позиции во средниот ред. Тоа би бил и логичен потег доколку си замине Вајналдум кој не се снајде и сака да го напушти клубот. ПСЖ би сакал веднаш да ја заврши работата, зимава ќе го понуди Курзава на Лион, но се чини дека тоа ќе биде тешка мисија и најверојатно ќе мора добро да се одработи во летниот преоден рок.
Најголемата непознаница дефинитивно е замената за Килијан Мбапе. Иако во францускиот печат се пројавува надеж дека ќе остане, дека ќе ја промени одлуката, сепак, ПСЖ ја бара алтернативата. Мохамед Салах и Ерлинг Халанд се означени како потенцијални засилувања за нападот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
