
Академија Пандев игра одлично на стартот на новата сезона и заедно со Вардар се наоѓа на врвот на табелата. Уште од самиот почеток на шампионатот струмичани тргнаа фуриозно во собирање бодови, а главна одлика на тимот е цврстата одбрана. Со неа „командува“ голманот Душан Чубраковиќ кој досега само двапати ја вадеше топката од мрежата, на десет натпревари.
Посебно беше импресивен на самиот почеток од новата сезона. На три натпревари не дозволи да се тресе неговата мрежа, а единствениот гол го прими на гостувањето во Скопје против Работнички, но Академија Пандев и на тој дуел славеше со 1-2, а Чубраковиќ блескаше меѓу диреците. Со сигурен голман многу поцврста е одбраната, а стабилен е и целиот тим. Тоа е тајната на Академија Пандев.
Со одличните изданија на стартот од сезоната, Душан Чубраковиќ ја заслужи наградата ИГРАЧ НА МЕСЕЦ АВГУСТ во изборот на МАКФУДБАЛ.
„Би сакал да се заблагодарам за наградата, многу ми значи со оглед дека доаѓа од портал чиј приоритет е единствено македонскиот фудбал. Секако ја споделувам со соиграчите од Академија Пандев, бидејќи фудбалот е тимска игра, а сите ние заедно имаме иста цел, да победиме. Ова ќе биде голем мотив за мене да пружам уште подобри игри во периодот што следува“, изјави Душан Чубраковиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal