Connect with us

Трагедија во Турција: Загина фудбалски репрезентативец во сообраќајна несреќа (ВИДЕО)

Од Турција пристигна трагична вест. Еден од најдобрите играчи на Коњаспор, Ахмет Чалик, утрово загина во сообраќајна несреќа, пренесуваат турските медиуми.


Чалик, кој имаше само 27 години излетал со својот автомобил во близина на Анкара и го загубил животот. Фудбалерот бил сам во автомобилот.


Чалик е фудбалер кој потекнува од школата на Генчлербирлиги, а во 2017 година направи трансфер во Галатасарај. Три сезони го носеше дресот на турскиот гигант, а во 2020 година замина во Коњаспор.


Ахмет Чалик оваа сезона одигра 18 меча за Коњаспор, а во кариерата осум пати го носеше и дресот на турската репрезентација.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови