Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 10. КОЛО!

Вардар и натаму е лидер во Првата македонска фудбалска лига, но сега без предност во однос на Академија Пандев која славеше против Шкендија. Струга Трим Лум запиша победа на гостувањето против Работнички по што „романтичарите“ ја запоседнаа последната позиција на табелата, додека Борец и натаму бележи одлични резултати на домашен терен сега славејќи против Шкупи. Силекс убедливо со 3-0 ја победи Ренова.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 10. коло од сезоната 2019/2020 во Првата македонска фудбалска лига:

1. УРОШ ЃУРИЌ (СТРУГА ТЛ)

Најзаслужниот за победата на Струга ТЛ против Работнички. Одличен во текот на целиот натпревар, а во последните секунди одбрани и пенал за три бода на својот тим.

2. ЕРМЕДИН АДЕМ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Квалитетна претстава на Адем кој игра на повеќе позиции во тимот, но беспрекорен во средниот ред каде се кршеше резултатот од дерби дуелот против Вардар.

3. КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТЛ)

Одличен натпревар за Цаке, кој покрај дефанзивните задачи, партиципираше и со погодок во победата на својот тим.

4. МАРИО МАСЛАЌ (АК. ПАНДЕВ)

Уште еднаш ги демонстрираше своите квалитети. Творец на победата на Академија Пандев на гостувањето против Шкендија, стрелец на единствениот погодок на мечот.

5. ДЕЈАН БЛАГОЈЕВИЌ (СИЛЕКС)

Квалитетен натпревар на левокрилниот дефанзивец на Силекс. Стрелец на првиот гол, како најава на победата од 3-0 на кратовци против Ренова.

6. ЃОРЃИ СТОИЛОВ (АК. ПАНДЕВ)

Репрезентативецот еден од најактивните на теренот во составот на „пандевци“. Сигурна, цврста игра на средината од теренот каде се контролираше предноста на гостите.

7. АЛЕН ЈАШАРОСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)

Влезе во игра во второто полувреме и постигна прекрасен гол кој донесе бод за „лавовите“ во дерби пресметката против Вардар.

8. ДАНИЕЛ АВРАМОВСКИ (ВАРДАР)

Еден од најзабележителните во вардаровиот состав на натпреварот против Македонија ЃП. Постигна и убав погодок со шут од 20 метри во ремито со „лавовите“.

9. НИКОЛА ПРЕЛЧЕЦ (БОРЕЦ)

Творец на победата на Борец против Шкупи. Постигна убав погодок во соло акција за значајни три бода на велешани.

10. СИМЕОН ХРИСТОВ (БОРЕЦ)

И втор едноподруго натпревар стрелец за својот тим, повторно еден од најзабележителните во составот на велешани.

11. ДАРКО ДОДЕВ (СИЛЕКС)

Играч на натпреварот во Кратово. Двоен стрелец за Силекс во убедливата победа против Ренова со која кратовци се издвоија од дното на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови