
Јувентус се врати од мртвите на „Олимпико“ и оствари неверојатен триумф со волшебен пресврт (3-4) постигнувајќи три гола за седум минути во второто полувреме. „Старата дама“ играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Матијс де Лихт, а голманот Војчех Шчешни успеа да одбрани пенал.
Тами Ибрахам донесе водство во 11.минута, но израмни Пауло Дибала седум минути подоцна.
На почетокот на вториот дел, Хенрик Мхитарјан донесе нова предност, а Лоренцо Пелегрини од слободен удар постигна фантастичен гол за 3-1 во 53.минута.
Жозе Мурињо беше мирен до 70.минута, а потоа почна неверојатниот пресврт. Мануел Локатели намали на 3-2, а Дејан Кулушевски во 74.минута успеа да израмни. Рома беше зашеметена, а тоа го искористи Матија Де Шилјо, кој постигна победнички гол во 77.минута.
Драмата продолжи откако Матијс де Лихт играше со рака во шеснаесетникот, беше исклучен поради два жолти картони, но Лоренцо Пелегрини не успеа да реализира пенал. Војчех Шчешни го одбрани неговиот удар.
Џенова загуби на домашен терен од Специја со 0-1, со голот на Симоне Бастони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
