Англискиот премиерлигаш Њукасл интензивно бара засилувања за вториот дел од сезоната во Премиер – лигата. Новите богати сопственици одобрија огромен буџет за да се реновира тимот во намера Њукасл да обезбеди опстанок во англиската фудбалска елита.
Се преговара на сите фронтови, а еден од приоритетите е и Антони Марсијал, францускиот напаѓач кој сака да замине од „Олд Трафорд“.
Ситуацијата околу фудбалерот и шпанскиот клуб Севилја е доста компликувана, бидејќи Шпанците испратија порака до Манчестер Јунајтед дека не можат да го платат обештетувањето за позајмицата и да ја преземат целата плата на францускиот напаѓач.
Ова ги зголемува шансите на Њукасл да го нападне Марсијал, бидејќи има повеќе финансиски средства на располагање. Менаџерот Еди Хау инсистира да му биде доведен нов квалитетен напаѓач во зимскиот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У21 минимално загуби од Полска













