
Работнички со нов тренер гостува на Чаир и се надева дека ќе сврти нов лист, многу поуспешен од првите десет кола во шампионатот по кои се наоѓа на последната позиција на табелата со 10 бода. Марјан Андрески го наследи Александар Влахо и ќе има задача да го исправи бродот на „романтичарите“.
„Работнички не заслужува да биде на дното и треба сите максимално да се потрудиме што е можно побрзо да излеземе од резултатската криза. Имаме квалитет, можеби на одредени мечеви и среќата не беше на наша страна, но мораме да смогнеме сили, да заиграме подобро и да бележиме позитивни резултати во серија. Верувам дека уште утре денеска ќе покаже многу повеќе“, изјави новиот шеф на стручниот штаб, Марјан Андрески.
Шкупи по две гостувања се враќа на Чаир и сака да оствари триумф кој ќе го однесе уште повисоко на табелата.
Ернест Ѓока имаше неуспешно деби на клупата на актуелниот првак Шкендија, но денеска ќе има нова шанса за да донесе триумф. На гости во Тетово доаѓа Силекс, а во составот на Шкендија се враќа Стенио Жуниор кој паузираше поради жолти картони на претходниот меч.
Струга Трим Лум игра одлично на домашен терен и ќе се обиде да продолжи во таков стил и против Ренова. Двете водечки екипи, Вардар и Академија Пандев, исто така се домаќини. „Црвено-црните“ ќе го пречекаат Борец, додека „пандевци“ ќе играат против Македонија ЃП.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 11. КОЛО (14:30 ч.)
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ВАРДАР – БОРЕЦ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
СТРУГА ТЛ – РЕНОВА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
