Connect with us

Академија Пандев и Вардар со победи го чуваат врвот, Шкендија се враќа, Шкупи подобар од Работнички

Академија Пандев и Вардар убедливо славеа и ја продолжуваат трката за врвот на табелата, а победи и Шкендија. Шкупи и Струга трим Лум исто така освоија по три бода на домашен терен, за стопроцентен ефект на клубовите кои играат пред своја публика.

Академија Пандев беше најубедлива и со 4-0 ја совлада Македонија ЃП. Љупчо Дориев го отвори резултатот во 35.минута, три минути подоцна Ѓорѓи Стоилов зголеми на 2-0, а Марко Рајковиќ во 63.минута постигна трет гол за домаќинот. Горан Томовски беше стрелец на четвртиот гол за „пандевци“ во 79.минута од мечот. 

Вардар го победи Борец со 2-0. Даниел Аврамовски во третата минута со шут од 20 метри стрелаше за водство на „црвено-црните“, а Али Адем во 71.минута го постигна вториот гол за вардарци. 

Шкендија конечно проработе под водство на Ернест Ѓока. Шампионот славеше во Тетово против Силекс со 3-0. Хуан Фелипе во 31.минута со фантастично изведен слободен удар донесе предност за Шкендија, а триумфот го потврди Гледи Мици во 57.минута по потврдувањето од Агим Ибраими. Третиот погодок беше автогол на Благојевиќ во 78.

Шкупи со 2-0 го совлада Работнички. Бесар Исени во 36.минута го совлада Шишковски за водство на тимот од Чаир, а Сержињо во 75.минута го потбрди триумфот.    

Струга Трим Лум минимално ја победи Ренова со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за стружани беше дефанзивецот Христијан Драгарски во 53.минута.  
   
ПРВА ЛИГА, 11.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 4-0

ВАРДАР – БОРЕЦ 2-0

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 3-0

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2-0

СТРУГА ТРИМ ЛУМ – РЕНОВА 1-0 

Табела: Академија Пандев 24, Вардар 24, Шкупи 16, Македонија ЃП 16, Шкендија 14, Струга ТЛ 14, Ренова 13, Силекс 12, Борец 11, Работнички 10. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови