Академија Пандев е нов лидер во шампионатот на Македонија откако убедливо со 4-0 славеше против Македонија ЃП во дербито на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Пандевци“ триумфираа на крилјата на репрезентативецот Љупче Дориев кој разигрува, асистира, погодува за својот тим… Најпрво одлично го отвори резултатот во 35. минута по асистенцијата на Сашко Пандев…
Потоа, во 38. минута сам изгради контранапад по украдена топка на својата половина и асистираше за Стоилов за водство од 2-0…
Во 63. минута, Дориев го одработи погодокот и на штотукувлезениот Рајковиќ за водство од 3-0…
На крај, убедливата победа на струмичани ја заокружи Томовски со прекрасниот погодок во 80. минута.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













