
Бразилскиот фудбалер и играч на Калјари, Жоао Педро, доби дозвола да игра за италијанската репрезентација, соопшти ФИФА.
На Педро му требаше дозвола од ФИФА за да игра за Италија, бидејќи играше за помладите селекции на бразилската репрезентација.
30-годишниот напаѓач ќе има можност да игра за Италија на 24 март, кога европскиот првак го игра бараж мечот за Светското првенство против Македонија. Победникот од овој дуел пет дена подоцна ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Португалија и Турција.
Доколку биде повикан во италијанската репрезентација, Педро ќе им се придружи на сонародниците од Бразил, Жоргињо, Емерсон Палмиери и Рафаел Толои, кои веќе добивале повик од селекторот Роберто Манчини.
Педро доби италијанско државјанство во 2014 година, а оваа сезона на 19 натпревари постигна девет гола за Калјари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
