Доаѓањето на Ралф Рангник требаше да донесе свежина, но очигледно дека германскиот стратег не е способен да ја држи под контрола соблекувалната на Манчестер Јунајтед. Последниот пораз (0-1) од Вулверхемптон дома придонесе да излезат на виделина сите аномалии.
Фудбалерите се бунтуваат против систем на работа на Ралф Рангник неговите помошници, тврдат британските медиуми.
Рангник го замени Оле Гунар Солскјер, но не успеа да подобри многу во играта на тимот, ниту пак резултатите се значително подобри.
„Фудбалерите имаат свои групи, кланови, кои работат едни против други. Сите се деморализирани и има чувство на ’дежа ви’ во тимот. Фудбалерите не се физички неподготвени, туку немаат желба да играат“, тврдат британските медиуми.
Покрај ова, се тврди дека атмосферата во соблекувалната на Јунајтед е „загушувачка“, а дел од фудбалерите сметаат дека ова им е најлошото искуство досега во кариерата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













