
Барселона имаше негатива по првиот дел, но на крајот сепак оствари триумф (1-2) над нисколигашот Линарес во Купот на Шпанија. И покрај проблемите предизвикани од Ковид-19, тимот на Чави Хернандез во второто полувреме ја потврди класата и се пласира во осминафиналето од ова натпреварување.
Линарес поведе со голот на Хуго Дијаз во десеттата минута, а Барселона возврати во вториот дел. Осман Дембеле во 63.минута и Феран Џутгла шест минути подоцна се погрижија за пресвртот.
Реал Сосиедад исто така патува во следната рунда по триумфот (2-3) на гости против Леганес, а Мајорка славеше со 1-2 против Еибар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski