Connect with us

Ѓока по првата победа на клупата на Шкендија: Потребена ни е психолошка стабилност, па резултатите ќе дојдат…

Во вториот натпревар на клупата на Шкендија, албанскиот стратег Ернест Ѓока ја запиша првата победа со македонскиот шампион. Тетовци во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига забележаа убедлива победа од 3-0 против Силекс во натпревар во кој доминираа во текот на сите 90 минути.

„Оваа победа ни беше потребна од психолошки аспект. Фудбалерите ги исполнија зададените задачи, а играте до одреден степен може да се оцени како добра. Потребно му е дополнителна стабилност на тимот, ментален мир за продолжението од првенството. Мислам дека во продолжението ќе биде подобро затоа што и размислувањето кај фудбалерите почна да се менува. Ова беше важна победа која ќе донесе дополнителен мотив“ – истакна Ѓока по вчерашниот триумф над кратовци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови