Данскиот интернационалец Кристијан Ериксен би можел да потпише за Монако и да ја продолжи кариерата во Франција, пишува „Марка“. Тој моментно е во Швајцарија каде се опоравува и се навикнува да живее со дефибрилатор кој му беше вграден на итна операција во болница, откако колабираше на теренот за време на Европското првенство поради срцев удар.
Поради дефибрилаторот, Ериксен мораше да го напушти Интер бидејќи во Италија не дозволен настап ниту на професионалци ниту на аматери кои имаат посериозни проблеми со срцето.
Ериксен во првото интервју по Европското првенство кое беше објавено вчера, истакна дека нема да се откаже од кариерата како професионален фудбалер надевајќи се дека ќе игра и на Светското првенство во Катар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













