Connect with us

Ислами: Криминално судење во Струга

Тренерот на Ренова, Бујар Ислами е револтиран по поразот на неговиот тим на вчерашното гостување против Струга ТЛ во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Според Ислами главните виновници за поразот се судиите на натпреварот.

„Не сакам никогаш да го коментирам судењето, но тоа што се случи во Струга беше вистински криминал. И тоа некако во континуитет е лошото судење против нас. Најпрво во Кратово, а сега уште покатастрофално. Голот беше постигнат од чиста офсајд позиција, а имаше и пенал за нас кој не е досуден. Судијата и во текот на целиот натпревар не дозволуваше наш притисок кон противничкиот гол. Секогаш кога ќе притисневме не сечеше. Заслуживме најмалку бод, но не можевме и против судиите“ – вели Ислами.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови