
На Серија А и се заканува нов скандал, практично идентичен како минатата сезона, а актерите се исти. Јувентус и Наполи.
Дали е можно? Во Серија А се повторува истиот скандал, истите клубови и истиот „натпревар“ како минатата сезона.
Во сезоната 2020/21, Јувентус беше домаќин на Наполи, но натпреварот не се одигра бидејќи општинскиот кризен штаб (ASL) го забрани заминувањето на Наполитанците во Торино.
Серија А првично го регистрираше натпреварот со службен резултат 3-0 за Јувентус, но по жалбите на клубот од југот на Италија беше одлучено да се одигра нов натпревар, кој „бјанконерите“ го добија со 2-1.
Практично идентична ситуација се случува и оваа сезона. Во четврток во Торино треба да играат Јувентус и Наполи, но натпреварот е доведен во прашање.
Медиумите на Апенините сугерираат дека општинскиот кризен штаб може повторно да го блокира заминувањето на Наполи, бидејќи во овој клуб има многу позитивни случаи на коронавирус. Последен меѓу позитивните е тренерот Лучијано Спалети, заедно со неколку позитивни играчи од првиот тим и стручниот штаб, меѓу кои и Елиф Елмас.
Сличен проблем има и Салернитана која веќе доби забрана да гостува кај Удинезе, а ист е случајот и со претстојниот натпревар против Венеција.
Во меѓувреме, Серија А објави дека протоколот не предвидува никакво одложување на натпреварите, без разлика на бројот на заразени. Така што нема да биде изненадување ако в четврток во центарот на Торино повторно ги видиме само фудбалерите и официјалните лица на Јувентус, исто како и минатата сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
