
Аргентинската ѕвезда Лионел Меси вчера добил негативен тест на Ковид-19 и добил дозвола да ја напушти Аргентина и да се врати во Париз. Тој веднаш ја искористил шансата да се врати во Франција, а од денеска или утре ќе почне и со тренинзи со соиграчите од Пари Сен Жермен.
Меси беше позитивен на Ковид-19 откако новогодишните празници ги мина во родната земја со семејството. ПСЖ беа бесни затоа што Аргентинецот прославил во ресторан каде имало многу луѓе и не се почитувале премноги ковид-протоколите. Сепак, сега се е во најдобар ред и Меси може да продолжи да тренира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski