Белгискиот интернационалец Eден Азар би можел кариерата да ја продолжи во Серија А. Тој дојде како големо засилување од Челси во Реал Мадрид, но поради бројните повреди не успеа да ја оправда довербата и вложените пари.
Досега во Реал Мадрид, Азар беше повеќе повреден отколку здрав. Одигра само 54 натпревари на кои постигна пет голови и запиша девет асистенции.
Карло Анчелоти веќе не може да му гарантира голема минутажа, па затоа Азар сака да замине и за нов предизвик ја смета Серија А. Тој би сакал да го носи дресот на Милан. Подготвен е и сериозно да ја намали годишната плата за да пристигне меѓу „росонерите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













