Connect with us

Инсиње дефинитивно го одбра Торонто

Италијанскиот репрезентативец Лоренцо Инсиње на крајот од сезоната дефинитивно ќе го напушти Наполи, а изборот на неговиот следен клуб е Торонто, кој е член на МЛС – лигата на САД.

Раководството на Наполи му понуди на Инсиње нова соработка, но со помала плата од досегашната, а офанзивецот тоа не го прифати. Иако имаше понуди и од Интер, Јувентус и од Атлетико Мадрид да се приклучи како слободен агент од следната сезона, тој сепак се одлучи да ја напушти Европа и да се пресели во Торонто.

Инсиње ќе биде соиграч и капитен на Елиф Елмас до крајот на сезоната, а потоа ќе замине во Торонто.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови