
Манчестер Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ беше поразен од Вулверхемптон со 0-1 и со тоа уште еднаш ги разочара своите навивачи. Менаџерот Ралф Рангник е комплетно разочаран од изданието.
„Не одигравме добро, ниту индивидуално, ниту тимски. Се мачевме да излеземе од нашиот шеснаесетник, а во вториот дел, кога ја променивме формацијата и почнавме да играме со тројца играчи во одбраната, стекнавме поголема контрола, дури и ја погодивме гредата. Голот што го примивме е толку карактеристичен за нас оваа сезона… Мутињо не беше првиот што шутираше непречено надвор од шеснаесетникот и овојпат постигна гол. Разочарани сме, но тие ја заслужија победата“, изјави Рангник.
Манчестер Јунајтед моментно е само седмопласирана екипа на табелата со 31 бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?
