Арсенал во јануари ќе остане без Томас Парти и Мохамед Елнени кои настапуваат на Африканскиот куп на нации, а првата желба на Микел Артета е Џорџинио Вајналдум.
Поранешната ѕвезда на Ливерпул наводно не е среќен во редовите на ПСЖ и бара причина за да го напушти „Паркот на принцовите“, а Артета сака да го доведе без разлика на цената, дури и на позајмица до крајот на сезоната.
Вајналдум има 31 година, сака да игра, а во Ливерпул брилјираше три сезони. Тој покажа техничка доминација, сила и интелигенција и беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулите на Ливерпул во Лигата на шампионите и во Премиер – лигата.
Вајналдум, кој претходно беше поврзуван со Њукасл, сезонава има 22 настапи за ПСЖ, од кои пет настапи во Лигата на шампионите на кои постигна два гола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













