
Работнички и Вардар го отвораат 12.коло од Првата фудбалска лига. „Романтичарите“ имаа многу лош старт на сезоната, дојде и до тренерска промена, Марјан Андрески го замени Александар Влахо и сега се надеваат дека полека ќе излезат од кризата.
Вардар оди одлично, подмладен и секогаш мотивиран, заедно со Академија Пандев се идзвои на врвот на табелата и посакува да продолжи во ист победнички ритам. Бодовите им се потребни на двете екипи, а овие градски дуели секогаш имаат дополнителен шарм. Мечот стартува од 13.30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Останатите натпревари од 12.коло ќе се играат утре, а се среќаваат: Силекс – Струга Трим Лум, Ренова – Шкупи, Македонија ЃП – Шкендија, Борец – Академија Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal