Вардар го доби градскиот дуел со Работнички, славеше со 0-2 и се искачи на врвот на табелата со 27 бода. Човек на одлука беше Даниел Аврамовски кој ги постигна двата гола за „црвено-црните“.
Во 77.минута тој погоди од слободен удар, откако со помош на живиот ѕид го измами Дамјан Шишковски и ја затресе мрежата на Работнички. Во судиското продолжение, Аврамовски по брз противнапад излезе сам пред голманот на Работнички и уште еднаш го совлада.
Во првото полувреме, Дарко Мицевски го погоди дирекот од голот на Работнички, а Давид Тошевски не реализираше убава можност за „романтичарите“. Во 75.минута, Иван Марковиќ упати силен удар од далечина, но Гачевски одбрани и ја исфрли топката во корнер.
Работнички останува на дното на табелата со десет освоени бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













