
Барселона оствари исклучително важна победа на Балеарските Острови против Мајорка славејќи со 0-1. Стрелец на голот беше „отпишаниот“ Лук де Јонг кој доби шанса во десеткуваниот состав на Чави Хернандез. Поради повреди и позитивни случаи на Ковид-19, тој не можеше да смета на огромен број првотимци, повика дури деветмина фудбалери од Б-тимот на Барселона и успеа да победи против Мајорка.
Сега Барселона има 31 бод на петтата позиција, само еден помалку од актуелниот шампион Атлетико Мадрид кој е на четвртото место кое води во ЛШ.
Лук де Јонг беше главна актер во тимот на Барселона, изведе прекрасни ножички, го погоди дирекот, а во 44.минута и успеа да го постигне единствениот погодок на натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
