Италијанскиот стратег Антонио Конте верува дека голманот Хуго Лорис ќе остане во Тотенхем и покрај тоа што неговиот договор истекува за шест месеци.
35-годишниот голман беше еден од клучните играчи во победата над Вотфорд и долги години е столб во одбраната на клубот од Лондон.
„Сигурен сум дека наскоро ќе најдеме решение бидејќи тој го сака Тотенхем и Тотенхем го сака него“, изјави Конте.
Хуго Лорис дојде во Тотенхем од Лион во 2012 година и цела деценија е дел од лондонскиот тим. За овој период запиша 316 настапи за Тотенхем.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement