
Фантастични 100 милиони фунти е подготвен да плати Манчестер Јунајтед за да го пресели 22-годишниот дефанзивен играч за врска Деклан Рајс од Вест Хем на „Олд Трафорд“. Понудата ќе биде испратена во наредните неколку дена, но според медиумите на Островот, многу пореално е овој трансфер да се реализира во летниот преоден рок.
Доколку се случи трансферот, тој ќе биде најголемиот во историјата на Манчестер Јунајтед, кој досега издвоил најмногу 105 милиони евра за доведување на Пол Погба од Јувентус во 2016 година.
Рајс е под договор со Вест Хем уште две и пол сезони, но има големи амбиции и сака да се пресели во посилен клуб и да биде редовен учесник во Лигата на шампионите.
Вест Хем моментно е петтопласиран во Премиер – лигата со 34 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
