Поранешниот капитен на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој очигледно ќе го напушти лондонскиот клуб, доби профитабилна понуда и тригодишен договор од Ал Хилал од Саудиска Арабија. Постои сериозна шанса за првпат да заигра надвор од Европа во својата кариера.
Најдобриот габонски фудбалер во младинската школа во Ница пристигна на осумгодишна возраст, а професионалната кариера ја започна во сезоната 2008/2009 како позајмен играч на Милан во Дижон.
Сега е во четвртата деценија и е во години кога му се дава можеби последната шанса за вносен договор. Сигурно ќе го добие во Саудиска Арабија.
За Габонецот е заинтересиран и Њукасл и тоа дефинитивно би бил огромен трансфер доколку напаѓачот замине на северот на Англија.
Во игра е и Јувентус, но се чини дека великанот од Торино финансиски не може да им парира на другите клубови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













