Англискиот репрезентативец Киран Трипие се враќа во Премиер – лигата и ќе го засили Њукасл. Тој треба да биде првото големо засилување за клубот кој доби нови богати сопственици и се очекува да направи револуција на трансфер пазарот оваа зима.
Њукасл грчевито се бори за опстанок, а Трипие по две години се враќа на Островот.
Тој во 2019 година од Тотенхем се пресели во Атлетико Мадрид, а минатата сезона со шпанскиот клуб ја освои шампионската титула во Ла Лига и беше избран во најдобриот тим на шампионатот.
Оваа сезона Трипие настапи на 19 натпревари за Атлетико Мадрид, а досега собра 35 натпревари за англиската фудбалска репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













