Реал Мадрид очајно ја стартуваше 2022 година. „Кралевите“ загубија на гости кај Хетафе со 1-0.
Тренерот Карло Анчелоти по натпреварот истакна дека играта на неговите избраници изгледала како да не се вратиле на работните обврски.
„Играчите беа нервозни. Загубивме многу топки и дуели по нивното водство. Тимот денеска беше на одмор. Без фокус. Им подаривме три бода“, изјави по мечот видно незадоволен од играта и од резултатот, Карло Анчелоти.
Тој беспомошно во една реченица опиша како изгледаше Реал денес.
„Играчите како да беа уште на одмор. Не одигравме добро. Остануваме лидери и ќе продолжиме да се бориме“, изјави трофејниот стручњак.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













