
Менаџерот на Челси, Томас Тухел, ги искоментира изјавите на Ромелу Лукаку дадени пред неколку дена за „Скај Италија“. Белгиецот недвосмислено изјави дека не е среќен во Челси, а причината е стилот на играта на Тухел.
„Проблемот е што зборовите се извлечени во сосема поинаква насока. Во моментов изгледа како да го оставивме на клупата затоа што другите играчи одговараат на нашиот план за игра, а тој не. Но, не е така. Ромелу играше кога дојде, па се повреди, па се разболе од коронавирус. Се врати и играше против Астон Вила и тоа без ниту еден тренинг. Јас сум изненаден. Можеби има проблем и треба да разговараме. Јас немам проблем. Но, имам совет за сите, не само за Лукаку. Тренинзи, тренинзи, натпревари, сон, добра исхрана, тренинзи, натпревари, сон, добра исхрана, многу вода, сон, тренинзи и без интервјуа“, истакна Томас Тухел.
Челси денеска на „Стемфорд бриџ“ го игра дербито против Ливерпул, а сите се прашуваат дали Ромелу Лукаку воопшто ќе биде во составот на Томас Тухел.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
