Барселона има огромни проблеми со Ковид-19, повреди и суспензии пред денешното гостување против Мајорка во Ла Лига. Тренерот Чави Хернандез мораше да се снаоѓа и се сврти кон Б-тимот на Барселона од каде повика деветмина фудбалери.
Чави мораше да се справи со голем број отсуства за овој натпревар, вклучувајќи ги Сержино Дест, Филипе Кутињо, Жорди Алба, Алехандро Балде, Абде Езалзули, Осман Дембеле, Гави и Дани Алвеш.
Дефанзивците Самуел Умтити и Клемен Ленгле се вратија во конкуренција откако беа негативни на вчерашното тестирање за Ковид-19.
Покрај ова, има и проблеми со повреди. Ансу Фати, Педри, Мемфис Депај, Мартин Брајтвајт и Серхи Роберто се повредени, а Серхио Бускетс е суспендиран.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













