Барселона се обидува да фати приклучок кон позициите кои носат во Лигата на шампионите, но пред Чави Хернандез и тимот се тешки денови. Недостигаат дури 17 фудбалери кои се повредени или заразени со коронавирус, а некои наскоро ќе одат и на Купот на Африканските нации.
Тренерот Чави не можеше да го сокрие разочарувањето од одлуката да се одигра утрешниот натпревар против Мајорка.
„Не разбирам зошто се игра. Ќе ги почитуваме правилата, но загубивме 17-18 играчи. Дури 11 поради Ковид. Ова веќе не е вистински фудбал. Ниту за Мајорка, ниту за нас. Веројатно ќе има уште повеќе заразени бидејќи сега правиме повеќе тестови. Навистина не ми е јасно зошто се игра фудбал во овој момент“, изјави тренерот на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













