Јирген Клоп нема да го води Ливерпул на утрешното дерби во Премиер – лигата против Челси, откако доби „сомнително позитивен“ резултат на неговиот тест за Ковид-19, објавија „црвените“.
Од Ливерпул додаваат дека Клоп има благи симптоми на инфекција и дека е во домашна изолација, па затоа тимот утре на „Стемфорд бриџ“ ќе го води неговиот помошник Пепијн Лијндерс.
Холандскиот 38-годишен тренер досега беше помошник на Клоп и Брендан Роџерс во Ливерпул и вработен во академиите на ПСВ и на Порто. Единствената независна тренерска работа ја заврши накратко во НЕК Нијмеген во холандската втора лига во 2018 година.
Последните тестови во Ливерпул покажаа дека нема нови заразени играчи, но покрај Клоп позитивни се уште тројца членови на стручниот штаб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













