Манчестер Сити победнички ја отвори и 2022 година. „Граѓаните“ славеа (1-2) со пресврт на гости против Арсенал. Домаќинот остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Габриел, а тимот на Пеп Гвардиола знаеше тоа да го искористи.
Бакајо Сака во 31.минута донесе водство за „топчиите“, но пресвртот се случи во второто полувреме. Гранит Џака во 57.минута направи прекршок над Бернардо Силва во шеснаесетникот, а по прегледување на ВАР снимката беше досуден пенал што го реализираше Ријад Махрез.
Во финишот, во судиското полувреме, Родри го постигна победничкиот гол за Манчестер Сити на овој меч. Со триумфот „граѓаните“ само се зацврстија на врвот со 53 бода.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













