Фабио Канаваро би можел да стане нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска. Последен пат италијанскиот тренер, кој е светски првак од 2006 година, беше на кормилото на кинескиот Гвангжу Евергранде, но си замина пред три месеци.
Полска е без селектор откако Пауло Соуса ја напушти репрезентацијата во декември, го раскина предвремено договорот за да го предводи бразилскиот клуб Фламенго.
Првиот човек на полскиот фудбал, Чезари Кулеша, сериозно размислува да го назначи 48-годишниот Канаваро, со оглед дека неговата кандидатура е одлично прифатена во цела Полска. Во последните денови се споменуваа имињата и на Дик Адвокат, Јирген Клинсман, Аврам Грант, Адам Навалка, но, според полските медиуми, сепак, Канаваро има најголеми шанси да ја преземе репрезентацијата на оваа земја.
Полска ќе игра во плејофот за пласман на Светското првенство. Во полуфиналето, селекцијата ќе се сретне со Русија на 24 март во Москва, а доколку успее да продолжи, во финалето ќе игра со победникот од дуелот Шведска – Чешка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













