
Менаџерот на Челси, Томас Тухел, призна дека бил изненаден од интервјуто на Ромелу Лукаку за „Скај Италија“, во кое Белгиецот призна дека не се чувствува среќен во својот сегашен тим и се надева дека порано или подоцна ќе се врати во Интер. Тухел истакна дека не му се допаѓа ситуацијата бидејќи создава непотребна тензија и рече дека ќе разговара со Лукаку на оваа тема.
„Не ми се допаѓа бидејќи создава врева и тензија што не ни е потребна. Од друга страна, не сакаме да направиме ништо многу големо од ова интервју. Добро знаете како стојат работите и дека е многу лесно да се извади нешто од контекст, да се скратат неколку редови и да се создаваат бомбастични наслови. Но, не ми се допадна. Немам чувство дека е несреќен. Јас го чувствувам токму спротивното, па изненаден сум. Ќе седнеме и ќе разговараме со него отворено, но зад затворени врати“, изјави Томас Тухел.
Челси ја заокружи 2021 година со негатива од осум бода во однос на лидерот на табелата во Премиер – лигата, актуелниот првак Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
