Тројца фудбалери на Интер се позитивни на Ковид-19, а меѓу заразените се Алекс Кордаз, Един Џеко и Мартин Сатријано, потврди италијанскиот шампион.
Првотимците на „нероаѕурите“ се вратија на обврските, а по редовното тестирање пристигнаа три позитивни случаи и сите тројца се веќе во домашна изолација со оглед дека ги следат упатствата според правилата на протоколот за Ковид-19.
Следниот натпревар Интер го игра за пет дена кога ќе гостува во Болоња.
Интер по 19 кола е лидер во Серија А со четири бода повеќе од градскиот ривал Милан, а 2021 година ја заокружи со најдобра форма од сите тимови во Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













