Манчестер Јунајтед ја оствари деветтата победа во Премиер – лигата и се врати во посакуваниот ритам совладувајќи го Барнли на „Олд Трафорд“ со 3-1. Тимот на Ралф Рангник сега се наоѓа на шестата позиција со 31 бод и доцни четири бода, но и има меч помалку од четвртопласираниот Арсенал.
Се беше завршено за 45 минути. Скот Мектоминај донесе предност, а гостите си постигнаа и автогол преку Бен Ми. Во 35.минута Кристијано Роналдо зголеми на 3-0 и беше јасно дека победникот е веќе решен.
Барнли намали преку Арон Ленон во 38.минута, но немаше сили да се врати потполно во мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













