Челси одигра само 1-1 против Брајтон на „Стемфорд Бриџ“ и полека ја губи трката за врвот на табелата со Манчестер Сити. Лондонскиот клуб сега има негатива од осум бода.
Челси имаше три бода в џеб до самиот финиш кога Дани Велбек погоди зa израмнување во 91. минута.
Менаџерот Томас Тухел вели дека ремито не е фер резултат, а требало да биде досуден пенал за неговиот тим.
„Секако дека ремито не е фер резултат. Бевме подобри, имавме повеќе шанси и не ни беше досуден чист пенал. Ова делува фрустрирачки на тимот. Ако судијата не сака да даде чист пенал, тогаш веројатно сè е против нас“, изјави Тухел.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













