Италијанскиот калчолигаш Милан не се откажува од намерата да го доведе Хаким Зијеч. Новиот обид „росонерите“ ќе го имаат во јануари.
Зијеч беше голема желба на потпретседателот Паоло Малдини и на тренерот Стефано Пиоли и во летниот преоден рок, но Челси не сакаше да го пушти на позајмица, со право на откуп на договорот.
Сепак, стана јасно дека Томас Тухел не смета премногу на него, Зијеч нема голема голема минутажа и самиот сака да ја промени средината во јануари.
„Росонерите“ веќе имаат договор со фудбалерот околу личните услови и ќе се обидат да го доведат на позајмица во зимскиот преоден рок, со право за комплетен откуп на договорот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













