
Англискиот премиерлигаш Арсенал се обидува да пронајде адекватно решение за навалната линија откако се поизгледна е разделбата со Пјер – Емерик Обамејанг. Менаџерот Микел Артета фрли око на чешкиот напаѓач Патрик Шик, голгетерот на Баер Леверкузен и еден од најзабележителните фудбалери на годинашното Европско првенство.
Шик сезонава постигна 16 гола на 14 натпревари и е интересен и за Тотенхем и Манчестер Сити, па се чини дека дојде време за него да се испроба во Премиер – лигата. Арсенал сака да биде побрз од конкуренцијата околу неговиот ангажман.
Доколку не успее во намерата да го доведе Шик, како алтернативи за Микел Артета се споменуваат „кралевите“ Лука Јовиќ и Маријано Дијаз.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
