Андриј Шевченко нема да може да ја предводи Џенова на наредните тренинзи, како и на стартот од 2022 година. Украинскиот стратег е позитивен на Ковид-19 и замина во задолжителна изолација.
Џенова информираше дека Шевченко е единствениот со позитивен тест на коронавирус, покрај капитенот Доменико Кришчито, кој од претходно имаше симптоми на Ковид-19.
„Тренерот на Џенова, Андриј Шевченко е позитивен на коронавирусот и веднаш е изолиран, исто како и капитенот Доменико Кришчито беше позитивен. Останатите членови од тимот имаат негативни тестови по спроведеното тестирање на 27 декември. Клубот веднаш ги извести надлежните здравствени власти и ги примени сите процедури предвидени со важечките прописи за сузбивање на пандемијата. Тренинзите ќе продолжат на 29 декември, а ќе ги предводи вториот човек Мауро Тасоти, заедно со стручниот штаб“, информираа од Џенова.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













