Манчестер Јунајтед ја отфрли понудата на Севилја да го ангажира Антони Марсијал. Проблемот е во условите кои ги постави клубот од Андалузија. Шпанците не само што не сакаа да платат за трансферот, туку се согласија да покријат само 50% од платата на играчот, која изнесува близу 180.000 евра неделно. Другата половина требаше да ја преземе Јунајтед. Затоа клубот од „Олд Трафорд“ рече „не“ за оваа понуда.
Јунајтед се уште не одлучил дали ќе го пушти Марсијал во друг клуб следниот месец кога ќе се отвори трансфер пазарот. Менаџерот Ралф Рангник потврди дека самиот Французин веќе изразил желба да го промени клубот бидејќи не игра често.
За поранешниот напаѓач на Монако заинтересирани се и Јувентус и Њукасл.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













