Македонскиот прволигаш Борец одговори на „критиките“ за вештачката трева на стадионот во Велес што повторно излегоа во преден план по триумфот над Академија Пандев (1-0). Двајца фудбалери на гостите се повредија на дуелот против велешани.
Во соопштението на Борец се вели:
Ние како клуб сакаме да градиме пријателски однос со секој наш ривал ,никогаш не сме направиле некоректен притисок на било кој противник во Велес…
Навистина жалиме за повредите на потенцијалните репрезентативци Дориев и Стоилов и им посакуваме што побрзо да се вратат на зелениот терен, но и на снимката се гледа дека дуелот беше лице в лице во централниот дел, каде и двајцата играчи лошо реагираа и се повредија…
Ние како клуб работиме професионално веќе три години и немаме никаков проблем со повреди од таква природа, проблемот се јавува во неадекватна опрема (има специјални копачки за вештачка трева) или во преоптовареност или лош тренажен процес на играчот…
И ние како клуб имаме примедби за сите противнички стадиони на кои играме, ниту еден тревник не е на професионално ниво (освен Националната Арена) и нашите фудбалери имаат проблем да играат на нерамни терени…
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal