
Челси е фудбалскиот клуб кој потрошил најмногу пари на трансфери во 21. век. Лондонскиот клуб, кој од 2003 година е во сопственост на рускиот олигарх Роман Абрамович, од сезоната 2000/2001 потрошил 2,4 милијарди евра за трансфери на играчи.
На второ место е уште еден англиски клуб, Манчестер Сити, со 2,3 милијарди евра, а третото и четвртото место ги делат шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, кои дадоа 2,2 милијарди евра за овој период.
На петтото место е италијанскиот Јувентус со 2,1 милијарди евра, а по него е англискиот Манчестер Јунајтед со 2 милијарди евра.
На седмата позиција на ова интересно рангирање е италијанскиот првак Интер со 1,7 милијарди евра, а исто толку потрошил и француски Пари Сен Жермен. На деветтото место е Ливерпул со 1,6 милијарди евра, а првата „десетка“ ја затвора италијанскиот Милан со 1,5 милијарди евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
