
Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 на гости против Њукасл во 19. коло од Премиер – лигата. Њукасл водеше до 71. минута, кога Единсон Кавани им донесе бод на гостите.
По натпреварот Гери Невил, поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, го критикуваше Кристијано Роналдо за неговото однесување.
„Погледнете го неговиот говор на телото, неверојатно… Ова ме нервира веќе два месеци. Разговаравме за тоа и претходно оваа сезона, кога втрча во соблекувалната по натпреварот против Евертон. Тој го направи тоа повторно. Тој излета од теренот и против Вотфорд, кога знаеше дека тренерот ќе добие отказ. И против Норич“, рече Невил, лут затоа што Роналдо не остана на теренот да ги бодри соиграчите и да ги поздрави навивачите.
„И Бруно Фернандеш. Плаче по соиграчите. Тие двајца се лидери на тимот и поразително е за помладите играчи кога најдобрите играчи на тимот гледаат на другите како да не се доволно добри. Од друга страна, погледнете го Кавани. Тој е со тие млади луѓе и тој мора да биде на теренот. Сите овие поискусни играчи треба да им помагаат на помладите, тие треба да се однесуваат како татковци“, истакна Гери Невил.
Невил, кој играше за Манчестер Јунајтед од 1992 до 2011 година и беше соиграч на Роналдо, верува дека тимот мора да ги поздрави навивачите по натпреварот.
„Не ми е гајле како игравте, треба да им пријдете и да им аплаудирате. Луѓето тргнаа на турнеја за да ве гледаат, а ти, најдобриот играч на светот, бегаш од теренот без да се поздравиш“, жестоко распали Гери Невил по Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
