Англискиот премиерлигаш Арсенал во наредните денови би можел да добие големо засилување. Агентите на Фелипе Кутињо се во Лондон и се обидуваат да ја завршат зделката со „топчиите“.
По убедливата победа во Норич, Артета изјави дека тимот ќе се обиде да се засили, а нема сомнеж дека Бразилецот би ја кренал температурата во северен Лондон, без разлика што практично е веќе отпишан во Барселона.
Каталонскиот клуб очајно сака да се ослободи од неговиот договор од 14 милиони евра годишно, тој би се согласил и за помалку да се врати во Премиер – лигата, да се врати на теренот и да се обиде да се наметне за селекцијата на Бразил за Светското првенство во Катар.
Барселона бара симболично обештетување, но проблемот е во огромната плата на Кутињо, а каталонскиот клуб се обидува во пакетот да го вклучи и Самуел Умтити. Сепак, Микел Артета не е заинтересиран за дефанзивецот на Барселона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













