Connect with us

Бомба од Шпанија: Роналдо и се понудил на Барселона, ќе живее во куќата на Меси?

Бомбастична вест објави шпанскиот медиум „Мундо Депортиво“, португалскиот ас Кристијано Роналдо и се понудил на Барселона. Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид сака да пристигне на „Камп Ноу“, со оглед дека не е среќен во Манчестер Јунајтед.


„Мундо Депортиво“ наведува дека Роналдо преку Жерар Пике стапил во контакт со новиот тренер на Барселона, Чави Хернандез, додека од друга страна неговиот агент Жорге Мендеш преговара со Хоан Лапорта, претседателот на каталонскиот клуб.

Јасно е дека Барселона е во потрага по голгетер во овој зимски преоден рок, а Кристијано Роналдо наводно не е задоволен од новите методи на работа на Ралф Рангник во Јунајтед и бара добра опција за да си замине.

Уште поинтересно е дека Роналдо, доколку се оствари овој неверојатен трансфер, наводно би живеел во куќата на Лионел Меси која лично би му ја изнајмил Аргентинецот, што и дава уште поголем шарм на целата приказна.

Сепак, денешниот ден, 28 декември, во Шпанија е познат како денот на шегата…

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови