
Шпанскиот репрезентативец Феран Торес треба да биде најзвучното засилување на Барселона во зимскиот преоден рок. Тој е во Барселона и се уште чека официјално да стане член на каталонскиот гигант. На него му беа извршени и лекарски прегледи, но се уште нема потпис.
Официјалното претставување на шпанскиот репрезентативец е планирано за денеска, но тоа нема да се случи поради бирократски проблеми.
Манчестер Сити се уште не дава зелено светло за реализација на трансферот. Торес нема да може да биде регистриран веднаш бидејќи Барселона мора да продаде еден од играчите или да се договори за ново намалување на платите за да ги исполни условите на финансискиот фер-плеј на УЕФА.
Барселона за 21-годишниот напаѓач ќе му плати 55 милиони плус 10 милиони евра во случај каталонците да ја освојат Лигата на шампионите или Торес да дојде до „Златната топка“.
Поранешниот напаѓач на Валенсија ги мина лекарските прегледи и беше констатирано дека се опоравил од повредата што ја заработи на натпреварот од Лигата на нации меѓу Франција и Шпанија.
По прегледите се вратил во хотелот каде со часови чекал да се заврши зделката, но „граѓаните“ решиле да го преиспитаат договорот до „милиметар“, па како што стојат работите целата работа е одложена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)
