Легендарниот бразилски дефанзивец Марсело на почетокот на следната година ќе стане сопственик на португалскиот второлигаш Мафра, пишуваат медиумите во Португалија.
Фудбалерот на Реал Мадрид веќе поседува клуб во својата татковина. Станува збор за бразилскиот нисколигаш Азуриз, основан во 2018 година, кој засега се фокусира на работата на младинскиот тим.
Мафра е клуб од истоимениот град недалеку од Лисабон, а преземањето на овој стабилен второлигаш ќе биде најсериозниот деловен потфат на Марсело во Европа.
Португалските медиуми тврдат дека по официјалното преземање на Марсело, клубот треба да развие соработка со споменатиот Азуриз.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













